Вести|

28 јуни 2024, Скопје – Придобивките од мерката МојДДВ граѓаните ќе ги ползуваат и понатаму, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

„Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, меѓутоа тие не се поврзани директно со граѓаните, туку системски, во рамки на Управата за јавни приходи.  Многу често од граѓаните добивавме информации дека скенирале фискални сметки кои УЈП им ги одбивала како да не се оригинални, било пријавувано до УЈП и не се преземало ништо“, рече министерката.

Во однос на граѓанските обврзници, како државни хартии од вредност наменети за граѓаните, рече дека нема да продолжат да се издаваат сѐ додека не се врати довербата во системот.

„И пред да станам министер велев дека за да имате интерес за купување граѓански обврзници треба да имате доверба во институцијата. Ние треба да покажеме со дела дека тоа што го ветивме навистина и го остваруваме. Кога ќе го промениме системот и кога ќе ја вратиме комплетно довербата на граѓаните во државата тогаш може да зборуваме за издавање граѓанска обврзница“, рече Димитриеска-Кочоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *