1 јули 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Министерството за финансии оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
На средбата беше истакнато значењето на поддршка што ја добиваат Министерството за финансии и земјава од САД и дека таа подддршка и соработка ќе се зајакнува.
„САД се наш стратешки партнер и ова стратешко партнерство, кое во континуитет се одржува од независноста, ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека ни претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на нашата земја, а во остварувањето на тие реформи значајна е поддршката од стратешките партнери како што е САД.
На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата, обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална одржливост.