На 3 јули 2024 година се одржа јавна завршна конференција на Tвининг проектот финансиран од ЕУ ИПА 2018 „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“ (со почеток во 11:00 во хотел Лимак).
Проектот беше имплементиран од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во соработка со партнери од земјите членки од Кралството Холандија, Република Хрватска, Република Бугарија и Република Латвија. Имплементацијата на проектот започна на 1 февруари 2020 година и траеше 54 месеци. Буџетот за реализација на проектот изнесува 3.700.000 евра.
Главната цел на проектот е дополнително да се подобрат ефикасноста и ефективноста на јавното трошење преку активности што го поддржуваат спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.
Опсегот на проектот опфаќа четири главни компоненти во областа на управување и контрола на буџетот, јавна внатрешна финансиска контрола и финансиска инспекција, јавни набавки и борба против измами. Исто така, под покровителство на Проектот, во рамките на Министерството за финансии е основана Академија за јавни финансии со цел да се обезбедат обуки за сите клучни тела во секторот.
И покрај кризата предизвикана од Ковид-19 што се случи на самиот почеток од спроведувањето на проектот и сложеноста на самиот проект, постигнати се сите договорени значајни резултати, особено ревизијата и развојот на правната рамка (како што е донесувањето на новиот Закон за буџети од страна на Собранието на РСМ), изготвување/изменување закони и изготвување на релевантни подзаконски акти, спроведување бројни обуки и работилници, организирање студиски посети за вработените од земјата-корисник во неколку земји-членки, како и зајакнување на административните капацитети на клучните чинители (преку одржување работилници, обуки на различни теми, пилот активности во различни институции).
Во текот на спроведувањето на проектот беа постигнати следните значајни резултати:
- Изработени се околу 60 закони/подзаконски акти и методологии;
- Одржани се над 60 обуки, работилници и дискусии на тркалезни маси;
- Изготвена е Стратегијата за јавни набавки, како и соодветната методологија согласно Стратегијата;
- Основана е Академија за јавни финансии во Министерството за финансии;
- Изготвена е национална програма за сертификација за внатрешни ревизори;
- Надградена Финансиска инспекција и зајакнати капацитети на истата;
- Ажурирана е Националната стратегија за борба против измама, додека Мрежата за борба против измами АФКОС е целосно воспоставена;
- Подобрени системи за јавни набавки и за поднесување жалби;
- Подобрени капацитети на буџетските корисници на централно и локално ниво во поглед на спроведување на законодавството за управување со јавни финансии и употреба на современи алатки.
Во рамките на постојните капацитети и расположливиот буџет, Проектот беше целосно посветен на спроведување активности и обезбедување поддршка за клучните елементи наведени во Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.
За повеќе информации, ве молиме стапете во контакт со:
Е-пошта: finance@finance.gov.mk