Вести|

24 септември 2024, Скопје – Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска оствари работен состанок со шефот на Делегацијата на ЕУ Микалис Рокас и со Лаима Лусија Андрикене од Европскиот суд на ревизори.

На средбата стана збор за активностите што се спроведуваат во земјава, поддржани од страна на ЕУ, во насока на поддршка на демократскиот развој, зајакнување на капацитетите на институциите и реализација на голем број инфраструктурни проекти.

„ЕУ е наш стратешки партнер во спроведувањето на реформите, во транспонирањето на европските во домашните регулативи и во реализацијата на многу инфраструктурни проекти за унапредување на условите за живот“, истакна Матлиоска.

Таа додаде дека покрај инструментот ИПА, дел од таа поддршка ќе биде реализирана и преку новиот План за раст.

Според неа, клучно е да се зајакнат капацитетите на институциите, да се вложат силни напори во спровледување на реформите и максимално да се искористат  одобрените средства.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *