Вести|

24 септември 2024, Скопје – Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска оствари средба со претставници на интернационални финансиски институции, поточно од Светскиот совет на кредитните унии, кредитните унии од ЕУ и САД и Штедилницата ФУЛМ.

На средбата стана збор за условите за работа на овие финансиски институции во земјата при што од страна на Министерството за финансии беше истакнато значењето од обезбедување стабилност на финансискиот сектор и унапредување на условите за работа и примена на светските стандарди.

Гостите, пак, ги споделија искуствата од работењето на овие финансиски институции во нивните матични земји – САД, Ирска, Романија, Полска и Хрватска.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *