Вести|

8 октомври 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска  престојува во работна посета на Република Унгарија, каде што во име на Владата ќе  го потпише Договорот за заем од унгарската Експорт-импорт банка.

Станува збор за најавениот заем во износ од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка на проекти за локален регионален развој, коишто ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите.

Потпишувањето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е во согласност со усвоениот Закон за  задолжување на РС Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како  дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *