24 ноември 2024, Скопје – Министерството за финанснии во рамки на осмото издание на Деновите на финансиска писменост организира повеќе активности, коишто ќе се одржат од 26 до 28 ноември 2024 година.
Во рамки на ова издание предвидени се повеќе предавања во образовни институции, како и во приватниот сектор. Целта е да се зајакне финансиската едукација на населението во насока на ефикасно управување со сопствените средства, намалување на ризиците, како и заштита на корисниците на финансиски услуги.
Деновите на финансиска писменост ги организираат сите финансиски регулатори, односно Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и секоја од својата надлежност организира едукативни настани за населението.