Вести|

26 декември 2024, Скопје – Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритети во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции, која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде повисок од оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

„Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари за разлика од 2022 година кога изнесувала 1,4 милијарди денари и од 2023 година кога била 2 милијарди денари. И во ТИРЗ, исто така, има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме“, рече министерката.

Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95%, а Владата веќе ги има објавено условите за нивно користење од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така, посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализацијата на проектите.

„Нема да дозволам трансфери од Буџетот како во минатото и ќе работиме на поинаков начин. Средствата ќе им се префрлаат на општините по реализацијата на проектите. Исто така, и средствата наменети за компаниите ќе се префрлаат парцијално кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки. Ако има вистински инвестиции, тогаш може да зборуваме за префрлање на средствата“, посочи министерката.

Додаде дека редовно се врши и повратот на ДДВ, кој изнесува над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе таа и истакна дека се отворени постапки и по однос на други прашања.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *