Вести|

7 февруари 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба во Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и членовите на Управниот одбор.

Целта на средбата, како што посочија во заедничка изјава Димитриеска-Кочоска и Ѓорѓиевски, е да се отвори дискусија за сите отворени прашања и изнаоѓање решенија со цел создавање подобри услови за живот на граѓаните.

„Денеска сме на средба во ЗЕЛС, која е дел од постојаната комуникација што Министерството за финансии ја има со општините, но секако дека требаат и вакви средби со цел да се слушнат и одредени проблеми и да се најдат заеднички решенија“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека мотивот за денешната седница е реализација на Проект за енергетска ефикасност финансиран со Светска банка и можноста за финансирање проекти на општините.

„За реализација на проектот имаме потпишано Договор во 2021 година со институција којашто дава поволни кредити, каде што од една страна имаше забавена динамика, а од друга страна имаме јавни објекти во кои треба да се инвестира со цел да се направат заштеди на енергија и да се заштити животната средина“, рече министерката, додавајќи дека станало збор и за обезбедените 250 милиони евра за општински проекти, за блок дотации, платите кои се исплќаат преку локалните самоуправ и слично.

Таа потенцира дека на ваков начин е целта да се најде одговор на отворените прашања и да се променат работите за на крајот да бидат задоволни граѓаните од животот во таа општина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *