13 февруари 2025, Скопје – Владата и институциите покажаа преку резултати како се работи. Постојат проблеми каде и покрај напорите сепак тлеат, но ќе се преземаат мерки и и ќе има решение и за нив кои ќе бидат објавени во јавноста,ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ Телма.
Во врска со мерки за справување со инфлацијата, заменик-министерот рече дека ќе се анализираат констатираните состојби на терен од страна на Државниот пазарен инспекторат, тие информации ќе бидат проследени до Владата да се види каде е проблемот што доведува до такви маржи, а доколку е потребно ќе се направат и измени на Законот за нефер трговски практики.
„За имплементација на Законот за нефер трговски практики потребно е 12 месеци реализација, односно да се види месец за месец како се движеле маржите да се извади пондерирана вредност и ако почнуваме од 01.01 2025 дури на 31.12.2025 ќе знаеме дали бил испочитуван или не бил. Н,о немаме толку време да чекаме и да дозволиме призводители дистрибутерите и маркетите да ставаат свои маржи„ рече замник министерот.
Тој најави дека работна група веќе е составена која директно ќе ги разгледа сите индикатори и релевантни заклучоици од надзорите и дека ќе има решение.
Јанкуловски во врска со поддршката на компаниите од унгарскиот заем, посочи дека бизнисот заслужува поддршка која се реализира преку буџетот и која е повисока за 30% во однос на претходната година,како и со обебедените поволни средства од унгарскиот заем.
Смета дека тие средства ќе се искористат од компаниите за да вложат во основни средства, во нови технологии, нови објекти кои ќе ја поттикнат и зајакната економската активност, а со тоа ќе се амортизира и она негативно влијание што би се појавило под притисок на случувањата во германската економија.
Поддршката и на општините останува. Како што посочи за реализација на проектите од првиот повик се веќе префрлини 77 милиони денари, и дека во наредниот четиригодишен период ќе бидат инвестирани 1 милијарда евра во локален развој преку општините.