Вести|

13 февруари 2025, Скопје – Враќањето на средствата уплатени од страна на компаниите за солидарен данок е сериозен проблем и голем удар врз Буџетот. Со компаниите во наредниот период ќе седнеме и ќе разговараме за да видиме како ќе се сервисираат обврските и да ја разгледаме можноста за пребивање.

Ова го истакна минитерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на ТВ Алфа посочувајќи дека во времето на носење на овој закон како опозиција не го поддржале затоа што, како што рече, комплетно е погрешно напишан и не го следи тоа што го правеше Европа во тоа време.

„Ова е сериозен проблем и голем удар за Буџетот. Ќе потсетам кои беа коментарите коишто во периодот на носење на законот ги кажував од позиција потпретседател и нашите пратеници, а до Министертвото за финансии, каде веќе се подготуваше закон и од каде добивме покана за дебата, испративме официјален допис во кој дадовме образложени  дека сме против солидарен данок. Причината беше дека ги опфаќа сите компании, а не оние за кои е наменет во Европа и дека компании кои биле основани во 2022 година исклучиво за производство и трговија со електрична енергија  не подлежеа на плаќање данок. Исто така пресметката беше поврзана со добивки и потенциравме дека не секогаш добивката е поврзана со ликвидноста. Но сега од позиција на министер сум загрижена. Списокот на компании покажува дека има државни компании кои платиле солидарен данок. На пример ЕСМ  – компанија на која и била дадена помош од 300 милиони евра за да преживее,  платила солидарен данок. Тука е АД Водостопанство и Национални шуми на кои трбаше да префрлиме пари за да земат плата. И тоа е апсурд“, рече министерката.

Во врска со парите од унгарскиот заем наменети за компаниите посочи дека веќе се потпишуваат договорите помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки и дека информациите од банките се дека има интерес од страна на компаниите. Истакна дека очекува побрзо одобрување и трансфер на средствата и најави дека од следната недела ќе се реализираат средби со бизнис заедницата.

За инфлацијата и владините мерки, министерката наведе дека тие се исправни и даваат ефекти на краток рок и дека тоа треба да се решава на долг рок и преку закон да се дојде по намалување на цените во маркетите по природен, економски пат.

„Инфлацијата засега е на проектираното ниво и за 2025 очекуваме комплетно стабилизрање.  Секако дека ќе зависи од она што ќе се случува на меѓународно ниво бидејќи зависиме од тоа, но многу зависи и од политиките што ги спроведува Владата. Ако Владата троши внимателно, ако троши за капитални, а помалку или воопшто за непродутктивни расходи, тогаш логично е дека ќе има стабилизација. Затоа се и тие проверки. Тоа неконтролирано трошење, како мојот претходник ја подгрева инфлацијата“, рече министерката.

Во гостувањето се осврна на работата на институциите кои се под ингеренции на Министерството за финансии, посочувајќи дека имаат остварено значјни резултати во работењето, особено што за краток период имаат направено консолидација, комуницираат на дневна основа и разменуваат информации, а не се затајуваат. Така посочи дека Управата за финансиска полиција има поднесено кривични пријави од околу 15 милиони евра и дека до петок ќе бидат поднесени нови пријави поврзани со РЕК Битола. Потоа дека Царинската управа првпат поденела кривична пријава, а дека  во Управата за јавни приходи се справува со наследените предизвици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *