18 март 2025, Скопје -Министерството за финансии, врз основа на одлука на Владата, ќе обезбеди 30 милиони денари од Буџетот за покривање на трошоците за превоз и престој/сместување на членовите на семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, коишто се хоспитализирани и се лекуваат во некоја од болниците во странство.
Согласно Одлуката донесена на денешната седница, средствата се обезбедуваат од резервите на Буџетот за 2025 година, а исплатата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.