Вести|

9 април 2025, Скопје – Собранието вчера ја усвои Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии.

Во стоковните резерви ќе бидат складирани 1300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа со што се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари.

Оризот како култура од исклучително значење за населението во земјата, која е погодна за чување како стоковна резерва, е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви.

Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во РС Македонија и се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.
Стоковните резерви ги сочинуваат пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *