Вести|

4 јуни 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба  за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

На средбата  беше изразено заедничкото уверување дека тековната макроекономска стабилност е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст.

Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој ќе биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

Министерката Димитриеска Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици.

Остварив средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка, Трајко Славески со кој изразивме заложба за продолжување и зајакнување на координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика а со цел донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и економијата.

Добро усогласени и координирани политики на монетарната и фискалната политика се основа за одржување макроекономска стабилност што е приоритет и на МФ и на НБРМ, како и основа за ефикасно справување со тековните и идни економски предизвици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *