Вести|

јули 2023, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими се вклучи во процесот на издавање на граѓанската обврзница со симболично купување на една граѓанска обврзница. Ова го објави на својот фејсбук-профил наведувајќи дека со оваа инвестиција придонесуваме за развојот на земјата, вложуваме во развојни проекти коишто се финансираат од Буџетот, а се во интерес на економијата и на граѓаните.

„Поднесов барање до банката за купување хартии од вредност – граѓанска обврзница. Банката ќе ме извести за резултатот од аукцијата што ќе се одржи на 13 јули 2023 година, а сопственоста на граѓанските обврзници ќе се евидентира во Депозитарот за хартии од вредност на 20 јули 2023 година“, напиша министерот на својот фејсбук-профил.

Посочувајќи дека оваа инвестиција од 10.000 денари две години по ред ќе му донесе принос од по 500 денари, и тоа на 20 јули 2024 година и на истиот датум во 2025 година кога ќе му биде вратена и вложената вредност од 10.000 денари,  ги повика и граѓаните да бидат дел од овој важен процес за земјата, кој, како што наведува, им нуди лична благосостојба со сигурни и поволни инвестиции.

Министерот истакна дека со цел да избегне каков било конфликт на интереси, поради неговата јавна должност како министер за финансии и со овластувања за одлучување при издавање хартии од вредност со цел финансирање на Буџетот,  нема да учествува со дополнителни инвестиции во граѓански обврзници додека ја извршува оваа јавна должност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *