31 октомври 2017, Скопје – Светската банка во извештајот Дуинг бизнис за 2018 година ја рангира Македонија на 11 место во светот, односно 6 место во Европа според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји.
Пред Македонија на глобално ниво се наоѓаат Нов Зеланд , Сингапур , Данска , Република Кореја , Хонг Конг , САД , Велика Британија , Норвешка , Грузија и Шведска .
Македонија е рангирана како најдобра земја во регионот за водење бизнис, пред Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Хрватска, Турција, Албанија, Грција и Босна и Херцеговина.
Во извештајот Македонија е посочена како една од земјите кои во континуитет работат на подобрување на деловното окружување, односно од 2003 година досега реализирани се 41 реформа во насока на подобрување на бизнис климата.
Македонија е најдобро рангирана во индикаторот „Заштита на малцински инвеститори“, каде е позиционирана на 4 место во светот. Висок ранг се забележува и кај индикаторот „Пристап до кредити“ каде Македонија е позиционирана на 12 место во светот.
Оценувањето за извештајот се вржи во периодот од 1 јуни 2016 до 1 јуни 2017, а се базира на информации добиени од државните институции и приватниот сектор.
Целиот извештај можете да го најдете на следниот линк: