Висока владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во чиј состав се и министерот без ресор за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо денеска ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените на Хидерабат, економскиот центар на индиската држава Андра Прадеш.

&nbsp

Андра Прадеш е инаку една од економски најразвиените од 28-те држави во Индија со популација од 70 милиони жители. Градот Хидерабат пак се смета за база на фармацевтската индустрија, биотехнологијата, како и бизнисот со недвижнини.

&nbsp

Вицепремиерот Ставрески и членовите на македонската делегација денеска пред 80 компании ги презентираа поволностите кои ги нуди Македонија на странските инвеститори. Беше истакнато дека Македонија е земја со најниски даноци во Европа, како и една од најдобрите бизнис дестинации со добра бизнис клима, како што беше на повеќе пати посочено од релевантните меѓународни институции.

&nbsp

Од страна на индиските компании, кои бараат влез на европскиот пазар, беше искажан голем интерес за условите кои ги нуди Македонија за инвеститорите. Беа воспоставени контакти и се очекува процесот да продолжи со нивно доаѓање во земјава, на лице место да ги видат можностите.

&nbsp

Ова е инаку четврта дестинација во Индија за инветициските презентации на владината делегација. Пред тоа презентации беа одржани и во Њу Делхи, Бангалор и Тривандрум. Владината делегација продолжува со прикажување на инвестициските можности пред индиските компании и утре во Ченаи.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.