Скопје, 4 март 2015 (МИА) – Државата денес исплати 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Министерството за финансии ги префрли средствата на сметките на 15.663 сточари.

Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари.

– Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство со голем број мерки, во кои се вбројува и исплатата на субвенциите, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.