Денес на 3.504 кооперанти на Сокотаб – Битола и Алајанс Уан – Кавадарци ќе им се исплатат субвенциите за откупен тутун од реколтата 2013 година. Министерството за финансии исплати 88,9 милиони денари за откупниот период од 27 февруари до 15 март оваа година, период во кој се одржаа претседателските и парламентарните избори, а беше сопрена исплатата на субвенции според одредбите од Изборниот законик.

 

Министерството за финансии продолжува со редовна исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.