23 август 2017, Скопје – За да државниот Буџет биде подостапен и транспарентен за граѓаните, тимот од Министерството за финансии изработи Граѓански буџет, во кој, на начин близок до широката јавност, се претставени клучните информации од Буџетот на државата.

Граѓанскиот буџет не е замена за деталниот Буџет на државата, туку претставува приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае плановите за управување со јавните финансии.

– Граѓанскиот буџет е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики – вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.

Следниот Граѓански буџет ќе се објави со Предлог-буџетот за 2018 година и изработката на овој документ ќе стане пракса и во иднина.

Буџетот го финансираат граѓаните и фирмите и тие се негови директни и индиректни корисници. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните, затоа секој треба да има пристап и увид во него.

Граѓанскиот буџет можете да го преземете на следниот линк.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.