Македонија во моментов има најниска стапка на невработеност, а целта на Владата е намалување на невработеноста до 22 процента. За тоа кои се плановите и мерките што ги презема Владата за постигнување на оваа цел, одговара министерот за финансии Кирил Миноски во интервјуто за Курир.

– Главниот приоритет на политиките на оваа Влада е креирање работни места и намалување на невработеноста. Доколку се следат историските податоци што се јавно достапни, ќе видиме дека на тој план е постигнато многу, направено е многу како резултат на отворање нови работни места кај странските директни инвеститори, но и преку поттикнување на вработувањето со активните мерки на пазарот на трудот. Познати се активностите што ги презема Владата како дел од кампањата  „Македонија вработува“ и „Македонија вработува 2“. Основната цел на овие активни мерки е да се поттикне вработувањето на поодделни целни групи. Пред сè кај оние категории невработени лица што се соочуваат со проблем на долгорочна невработеност, како и поттикнување на вработувањето кај младите лица. Во таа насока ние како Влада преземаме интензивни мерки, што се реализираат и преку Министерството за финансии и преку МТСП и АВРМ, сè со цел да се поттикне овој процес на вработување и невработените лица да се стекнат со соодветните вештини неопходни за извршување на новите работни задачи, вели Миноски.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.