Сектор за управување со јавни инвестиции
Секторот за управување со јавни инвестиции ги врши работите кои се однесуваат на оценка на јавните инфраструктурни проекти примарно од перспектива на фискалното влијание, ризиците и одржливоста, давање на мислење и препораки за проектите, подготовка на сумарна листа на предложени, разгледани и оценети нови јавни инфраструктурни проекти, консолидирање на приоритетната листа на јавни инфраструктурни проекти, следење на јавните инфраструктурни проекти, како и развој и ажурирање на методологиите за подготовка и оценка на проекти. Kоординација на работата со ресорното министерство во однос на прибирање нови предлози поврзани со проектите за јавни инвестиции (јавни инфраструктурни проекти), оценување на пред-физибилити и физибилити студии, дава мислење за соодветноста на проектот, дава стручно мислење за економскиот и финансискиот аспект на ревидираните пред-физибилити и физибилити студии, дава мислења за финансиските аспекти на јавни инфраструктурни проекти од перспектива на фискалното влијание, ризиците и одржливоста, следење и оценување на подготвеноста на проектната документација за јавните инфраструктурни проекти од аспект на исполнување на условите за финансирање, подготовка на листата на оценети јавни инфраструктурни проекти која се доставува на усвојување до надлежните органи/тела, уредување на постапката за дефинирање, подготвување, разгледување, оценување и регистрација на проектите за јавни инвестиции од страна на надлежните министерства и други јавни субјекти. Ги врши задачите поврзани со следење на јавните инфраструктурни проекти, дава упатства за изготвување на буџетот во делот што се однесува на постапката за предлагање проекти за јавни инвестиции, следи и анализира јавни инфраструктурни проекти, подготвува извештаи за следење на јавните инфраструктурни проекти, соработува со другите сектори и институции заради добивање и давање на информации поврзани со јавните инфраструктурни проекти, дава инструкции на министерствата и другите јавни субјекти за известување за физичкиот и финансискиот напредок на проектите, дава инструкции на министерствата и другите јавни субјекти за изготвување на стандарден извештај за завршување на проектот, дава стручна поддршка на министерствата и другите јавни субјекти за работи од негова надлежност.
Клучни контакти:
Раководител на сектор
Ана Наневска
телефон: ++389 2 3255 415,
е-пошта: ana.veljanovska@finance.gov.mk
Раководител на Одделение за следење на реализацијата на јавните инвестиции
Алев Сулејман
телефон: ++389 2 3255 782,
е-пошта: alev.sulejman@finance.gov.mk
Одделение за проценка на јавни инвестиции
Едон Кадриу
телефон: ++389 2 3255 733,
е-пошта: edon.kadriu@finance.gov.mk