Сектор за централно финансирање и склучување на договори – ЦФЦД

Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии дејствува како оперативно тело за склучување договори преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА (во рамките на ИПА I, ИПА II програмите и претстојниот ИПА III програмски период) и кое е единствено одговорно за спроведување на тендерски постапки, склучување договори, следење и исплата на проекти во рамките на децентрализираниот систем за управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Северна Македонија.

Главната цел на Секторот е да обезбеди соодветна, ефективна и ефикасна индиректна имплементација на проекти финансирани од ИПА, истовремено почитувајќи ги принципите на стабилно финансиско управување и примена на соодветни контроли, а со тоа и да овозможи поддршка на државата при исполнувањето на критериумите за пристапување на патот кон полноправно членство во Европската унија.

Својата функција и надлежност Секторот ја остварува преку воспоставена структура поделена во пет одделенија кој ги вклучува  следните процеси:

      • Подготовка и спроведување тендерски постапки и склучување договори – во склоп на активностите кои се извршуваат во Одделението за ЕУ Јавни набавки и склучување на договори
      • Финансиска проверка и исплата на средства за склучените договори – како дел од надлежностите на Одделението за финансиски работи
      • Следење на склучените договори – е главниот фокус на Одделението за следење на проекти 
      • Воспоставување на соодветен систем за обезбедување на квалитет на тендерска документација – еден од приоритетите на Одделението за контрола на квалитет
      • Обезбедување на ефикасно и ефективно функционирање на системот за внатрешна контрола во Секторот и во Оперативните структури – е примарна надлежност на Одделението за општи работи

Целокупната организација и поставеност на секторот подетално е утврдена во Правилникот за внатрешна организација и работа на Министерството за финансии приложен на веб страницата на министерството.

Раководителот на ЦФЦД е во исто време и Раководител на Оперативната структура за ИПА (РОС), ја задржува целосната одговорност за имплементација на проектите од ИПА I и ИПА II програмите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на ИПА Координаторите во согласност со претходно склучените Оперативни договори.

Секторот продолжува да ја остварува својата работа и во новиот програмски период како продолжение на ИПА II во согласност со Регулативата на ЕУ бр.2021/947, која ги опфаќа следните клучни тематски единици:

    • Добрососедство, развој, инструмент за меѓународна соработка

Новата финансиска помош отвара нова перспектива и нови предизвици коишто треба да придонесат во процесот на приближување на Република Северна Македонија во евроинтегративните процеси.

ЦФСД како посредно тело за финансиско управување ќе ја има единствената одговорност за севкупните тендери, договори и плаќања за набавка на услуги, градежни работи, опрема, грантови и твининг во контекст на активности финансирани од ИПА III програмите во државата.

Правната регулатива, насоките за критериумите за учество во проектите на Европската Унија, тековните проекти и сите останати релевантни информации поврзани со надлежностите на Секторот за централно финансирање и склучување договори се достапни на посебната веб страница – cfcd.finance.gov.mk

Лица за контакт:

Раководител на сектор
/
Т: 02 3255 —
е-маил

Помошник раководител на сектор
Дафинка Јаќовска-Велкоска
Т: 02 3255 378
dafinka.jakovska-velkoska@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор
Татјана Калиновчиќ-Трајковска
Т: 02 3255 416
tatjana.kalinovcic@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор
Драган Томовски
Т: 02 3255 696
dragan.tomovski@finance.gov.mk

Одделенија

Одделение за ЕУ јавни набавки и склучување договори
Александра Маџевска-Сараќинчева, Раководител на одделение
Т: 02 3255 792
aleksandra.madjevska@finance.gov.mk

Одделение за следење на проекти
(име презиме), Раководител на одделение
Т: 02 3255 —
е-маил

Одделение за финансиски работи
Симона Јосифоска, Раководител на одделение
Т: 02 3255 388
simona.josifoska@finance.gov.mk

Одделение за контрола на квалитет
Муарем Азизи, Раководител на одделение
Т: 02 3255 384
muarem.azizi@finance.gov.mk

Одделение за општи работи
Низамедин Шабан, Раководител на одделение
Т: 02 3255 638
nizamedin.saban@finance.gov.mk

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.