Охрид, 25 октомври 2011 – Развојот на внатрешната финансиска контрола отсекогаш била една од приоритетните политики во реформата на јавната администрација, што резултираше со многу позитивни промени и резултати кои денес ги имаме, истакна заменик-министерот за финансии Недим Рамизи во своето воведно обраќање на 13-тата PEM PAL – конференција на тема, „Развојот и имплементацијата на внатрешната ревизија во јавниот сектор".

 

– Во последните години изградивме внатрешна ревизија, како нова професија во јавниот сектор. Денес имаме 125 единици за внатрешна ревизија во кои работат 166 внатрешни ревизори. Започнавме основање на единици за финансиски прашања и изготвување на пишани процедури за работа. Воведовме стратешко планирање и назначивме лица кои известуваат за неправилности и сомнежи за измами или корупција во поголем дел од субјектите од јавниот сектор. Редовно се спроведува обука за внатрешните ревизори и лицата одговорни за финансиско управување и контрола– истакна Рамизи.

 

Рамизи посочи и дека во Министерството за финансии е формиран Комитет за финансиско управување и контрола и Ревизорски комитет како и дека во Стратегијата за реформа на јавната администрација е предвидено унапредување на буџетскиот систем.

 

– Транспарентното и ефикасно користење на јавните средства е единствен пат кон стабилен економски раст, зголемување на просперитетот и квалитетот на животот и вработување за сите наши граѓани – заклучи зaмeник-министерот за финансии Рамизи на конференцијата посветена на внатрешната ревизија во јавниот сектор која се одржува во Охрид од 25 до 28 октомври под покровителство на Светска банка.

 

Comments are closed.