Закрепнувањето на македонската економија што почна минатата година продолжува, а ММФ очекува годинава растот да достигне три проценти поддржан со силниот извоз и инвестициските трошења.

&nbsp

Ова е оценката на Мисијата на ММФ по еднонеделните разговори со властите за економските политики и релизацијата на кредитната линија за претплазливост. Ова е  прв преглед на економските и финансиските состојби по одобрувањето на Кредитната линија за претпазливост од страна на ММФ на земјава. Прегледите се вршат на шест месеци. Кредината линија од 390 милиони евра, одобрена во јануари годинава, е во времетраење од две години. Владата досега одлучи да повлече 220 милиони евра кои се користат за сите буџетски потреби.

&nbsp

Според шефот на  Мисијата на ММФ Вес Мекгру врз основа на прелиминарните податоци економските политики се во согласност со програмата на властите поддржана од Кредината линија за претпазливост вклучувајќи го фискалниот дефицит и нивото на девизните резерви. – Властите ја потврдија нивната заложба за постигнување таргет на фискалниот дефицит од 2,5 отсто од БДП годинава, како и да го намалат дефицитот на околу 2 отсто следната година. Во поглед на монетарната политика, моменталната состојба се чини дека е во согласност со стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата, при што НБРМ би било значајно да остане подготвена за приспособување на политиките доколку е потребно со цел да се одбранат тие цели, истакна Мекгру на заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

&nbsp

Тој додаде дека растот на инфлацијата е резултат на зголемените цени на храна и горива, но оти тие притисоци се стабилизираа и се очекува да се намалат, додека пак основната инфлација останува ниска. Надворешниот – биланс на Македонија, додаде,  е на контролиран и би требало главно да биде финансиран од странски директни инвестиции, при што девизните резерви остануваат на задоволително ниво. За финансискиот сектор оцени дека целокупно останува стабилен, со високи нивоа на адекватност на капитал, голема ликвидност и стабилизирање на нефункционалните заеми.

&nbsp

 

Мекгру смета дека овие општи поволни сосотјби и натаму се изложени на ризици од неповолните надворешни случувања, повикувајќи на претпазливост и внимание со цел да се задржи соодветната заштита.

&nbsp

Министерот за финансии разговорите со Мисијата ги оцени како плодни и ефективни, во кои заеднички е констатирано дека заздравувањето на економијата оди во нагорна линија и има се повеќе индикатори дека македонската економија годинава ќе оствари солиден пораст кој Владата предвидува да изнесува 3,5 проценти. Тоа, како што рече, е поткрепено со растот на инвестициите и извозот како клучни компоненти на растот на економската активност.

&nbsp

– Економските политики на Владата во првите пет месеци останаа здрави и исполнети се индикативните таргети што беа договорени и во делот на буџетскиот дефицит и во делот на девизните резерви. Ја повторивме и нашата определба дека до крајот на оваа година Македонија ќе продолжи со такви политики, пред се со постигнување на предвиденото ниво на буџетски дефицит од најмногу 2,5 проценти од БДП и во тој контекст Македонија и во следната година ќе продоложи со здрава фискална политика и ниско ниво на буџетски дефицит, истакна министерот Ставрески.

&nbsp

 

Тој додаде дека буџетскиот дефицит, односно таргетот договорен со ММФ е остварен во услови кога капиталните расходи, односно трошоците за капитални инвестиции во првите пет месеци од годинава се за 50 проценти повисоки во споредба со минатата година. – Значи, истакна министерот, има едно извонредно остварување на капиталните расходи во првите пет месеци од оваа година и ние ќе останеме на таа политика на промена на структурата на буџетските расходи во насока на одржување на повисоко ниво на капитални расходи.
Финансирањето на буџетскиот дефицит во текот на оваа и следната година, како што рече Ставрески, се реализира и преку оваа кредитна линија и во иднина со планираното издавање на еврообврзница како и користење на можности за продлабочување на големината на домашниот пазар. – Тоа се области на кои и во иднина ќе останеме заеднички да работиме со ММФ и преку една комбинација што ќе се обезбеднат од екстерни и домашни извори ќе се обезбедат доволно средства за финансирање на буџетскиот дефицит и за останатите потреби и за следните години, рече министерот и додаде дека издавањето на еврообврзница е можно да се случи и до крајот на годината но зависи од тоа дали условите на пазарот ќе бидат соодветни.
Издавањето еврообврзница го поддржува и Мисијата на ММФ, посочувајќи дека во иднина би било добро парите од кредитната линија да бидат крајно средство за користење.

&nbsp

Министерот истакна дека во иднина ќе се продолжи со напорите за остварување на координирани политики кои ќе овозможат да се задржат макроекономската стабилност пред се ниското ниво на инфлација, како основен предуслов за раст. – Сигналите што се праќаат од фискалната и монетарната политика во голем дел се усогласени и овозможија и покрај предизвиците што ги имавме од цената на горивата и одредени прехранбени производи на светските берзи сепак ифналцијата да ја задржиме во ниски рамки и до крајот на годината таа да остане на ниско ниво, истакна Ставрески.

&nbsp

Гувернерот на Народната банка Димитар Богов рече дека во текот на разговорите е утврдено дека се блиски во видувањата и проекции со ММФ. – Економијата е во нагорен тренд. Имаме позитивни движења, а притисокот кој го имавме врз инфлацијата се исцрпи во првите месеци од годината и во април и мај имаме веќе стабилизирање.

&nbsp

Очекуваме стабилизацијата на цените да продолжи и во наредните месеци и кон крајот на годината годишната стапка да почне да се намалува, изјави Богов и додаде дека за идната година го афирмирале ставот дека инфлацијата ќе се спушти под три проценти.

&nbsp

– Го поминавме, додаде, периодот зад нас кој беше карактеризиран барем во поранешните периоди на избори со зголемена несигурност, но овој пат не забележавме никакви нарушувања во месеци април и мај, ниту на планот на инфлацијата, ниту на девизиниот пазар. Ако овој период го поминавме без некои поголеми турбуленции извесно е дека навлегуваме во помирен период и овие наши проекции за инфлацијата и за стабилизирање на движењата во платниот биланс се засноваат на цврсти убедувања, рече гувернерот на НБРМ.(МИА)

Comments are closed.