Програмата на економски реформи (анг. Economic Reform Programme – ERP), е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Овој документ се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на земјите членки на ЕУ, односно за вклучување во процесот на европскиот семестар за координација на економските политики во ЕУ.

Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика, и оценка на економското влијание на избрани мерки од Реформската агенда 2024-2027 година, кои треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и креирање на работни места.

Подготовката на овој документ на ниво на Влада е координирана од страна на Министерството за финансии, и е резултат на интензивна меѓуресорска соработка. По нејзиното доставување до ЕК, програмата се разгледува со претставници на ЕУ во текот на април и мај, во рамки на економско-финасискиот дијалог при Советот на ЕУ. Дијалогот завршува со усвојување на заеднички заклучоци со препораки за земјата, кои треба да се земат предвид при подготовка на наредната програма на економски реформи.

Програмата на економски реформи 2025-2027 година е усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија на 14 јануари 2025 година, и официјално е доставена до Европската Комисија на 15 јануари 2025 година. Повеќе информации за ПЕР прочитајте овде.

Comments are closed.