4 март 2021, Скопје – Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти министерот Фатмир Бесими на денешната прес-конференција.
– Во насока на транспареноста и отчетноста, особено од аспект на јавните финансии, ние во Министерството за финансии подготвуваме и можнот на дневна основа да објавуваме приходи и расходи на Буџетот, како и салдото на Буџетот. Тоа ќе бидат прелиминарни податоци, рече Бесими.
Министерот за финансии додаде дека тоа ќе ја засили довербата и ќе ја зголеми транспарентноста, а граѓаните ќе знаат каде завршува секој денар и колкав е ефектот врз економијата.