Вести|

Кредит од ЕБОР во износ од 70 милиони евра во рамките на Акцискиот план за Зелен град за подобар урбан транспорт и намалување на загадувањето на воздухот

  • Скопје прв воведува брз автобуски транспортен систем на Западен Балкан
  • Кредит од ЕБОР од 70 милиони евра во рамките на Акциониот план за Зелен град
  • Нови енергетски ефикасни автобуси ќе пружаат подобри услуги и ќе придонесат за поквалитетна животна средина

21 април 2021, Скопје – Скопје, како еден од најзагадените градови во Европа, ќе стане првиот град на Западен Балкан којшто ќе воведе систем на брз автобуски превоз (БРТ), благодарение на кредитот во износ од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој, за да ја поддржи клучната трансформација кон одржлив транспорт и за да одговори на итните еколошки потреби на главниот град на Северна Македонија.

Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување приоритетни автобуски коридори коишто ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси, кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, ќе го подигнат квалитетот на услугите на ново ниво. Патниците ќе имаат корист од брз и чест јавен превоз, којшто ќе можат да го следат преку информациите ажурирани во реално време. На тој начин, градот Скопје ќе демонстрира како се користат паметните концепти за подобрување на услугите.

Истовремено, новиот систем ќе придонесе и за значително намалување на емисијата на загадувачи во воздухот, за коишто транспортот е најодговорен во Скопје, град што брои 550.000 жители. Согласно плановите, новиот систем на БРТ предвидува намалување на емисијата на јаглероден моноксид од над 95 отсто, на ПМ честичките за приближно 90 отсто и на нитроген оксид и јаглероден диоксид за најмалку една четвртина.

Ова претставува трет проект во Скопје под ЕБОР Зелени градови, иновативна програма за поддршка на одржлив урбан развој, кон која главниот град на Северна Македонија се приклучи во 2019 година. Банката и градските власти развија сеопфатен Акциски план којшто ги идентификува емисиите во воздухот од урбаниот транспорт, како приоритет што итно треба да се решава. Ваквата инвестиција во брз автобуски превоз се реализира согласно овој Акциски план.

На потпишувањето на проектот, Фатмир Бесими, министер за финансии на Северна Македонија, изјави: ,,Кога‌ ‌иницијативите‌ ‌за‌ ‌создавање‌ ‌„зелена“,‌ ‌поинклузивна‌ ‌и‌ ‌одржлива‌ ‌економија‌ ‌ќе‌ ‌се‌ ‌совпаднат‌ ‌со‌ ‌напорите‌ ‌за‌ ‌економско‌ заздравување‌ ‌од‌ корона-кризата,‌ ‌придобивките‌ ‌за‌ ‌македонската‌ ‌економија‌ ‌се‌ ‌повеќекратни.‌ ‌Во‌ ‌оваа‌ ‌и‌ ‌во‌ ‌следните‌ ‌години‌ ‌ќе‌ ‌инвестираме‌ ‌во‌ ‌проекти,‌ ‌коишто‌ ‌ќе‌ ‌придонесат‌ ‌за‌ ‌заштита‌ ‌на‌ ‌животната‌ ‌средина,‌ ‌ќе‌ ‌го‌ ‌олеснат‌ ‌транспортот,‌ ‌ќе‌ ‌придонесат‌ ‌за‌ ‌заштеда‌ ‌на‌ ‌време‌ ‌и‌ ‌енергетски‌ ‌ресурси,‌ ‌ќе‌ ‌овозможат‌ ‌раст‌ ‌на‌ ‌инвестициите‌ ‌и‌ ‌економски раст, ќе обезбедат нови работни‌ ‌места‌ ‌и‌ ‌ќе‌ ‌доведат до подобрување‌ ‌на‌ ‌квалитетот‌ ‌на‌ ‌животот‌ ‌на‌ ‌нашите‌ ‌граѓани.‌ ‌Ја‌ ‌поддржувам‌ ‌зелената ‌транзиција. ‌‌Сегашните‌ ‌и‌ ‌идните‌ генерации‌ ‌треба‌ ‌и‌ ‌мора‌ ‌да‌ ‌имаат‌ ‌можност‌ ‌да‌ ‌дишат‌ ‌почист‌ ‌воздух‌ ‌и‌ ‌да‌ ‌патуваат‌ ‌побрзо‌ ‌и‌ ‌побезбедно“.

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, додаде: ,,Крајната цел на проектот е да се обезбеди нов градски превоз во Скопје, преку ефикасна и економска транспортна мрежа. Воведувањето еколошки автобуси ќе го намали загадувањето на воздухот и ќе обезбеди брз, безбеден и квалитетен превоз. Нашата улога е да обезбедиме современа инфраструктура и услуги, преку кои овој концепт на брз превоз ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните“.

Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,Ни претставува задоволство што денес го правиме овој голем чекор во унапредување на транспортните услуги на Скопје. Проектот ќе ги поддржи напорите на градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуриран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност, којшто ќе води кон подобрување на јавниот транспорт и воедно ќе го направи поатрактивен, сѐ со цел да се намали користењето на приватните автомобили. Справувањето со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, при што ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се гледа и од денешното потпишување на овој проект“.

Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, рече: ,,Горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан што го воведува БРТ. За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот после 40 години. Добиваме подобар транспортен систем согласно нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и одржлив јавен транспорт, којшто ќе биде атрактивен и ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж и на аерозагадувањето“.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,13 милијарди евра преку 142 проекта во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *