Вести|

3 февруари 2023, Скопје – Процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулирано и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно со обезбедените финансиски средства. Тоа е процес што го спроведува Министерството за финансии преку Секторот за буџети и фондови и Секторот за трезор,  коишто постапуваат согласно предвиденото во усвоениот Буџет и законските одредби.

Министерството за финансии е институција одговорна за подготовка и   реализација на Буџетот и тоа се извршува  ефикасно, професионално и одговорно, во континуитет, од страна на надлежните сектори во Министерството за финансии, поточно секторите за буџет и трезор, бидејќи станува збор за пари на граѓаните. Секоја дополнителна обврска што се презема од страна на институциите во однос на исплатата на плати, како и секоја друга финансиска обврска во Буџетот, треба да биде предвидена во рамки на усвоениот Буџет во Собранието, бидејќи Секторот за трезор може да реализира само налози коишто се во согласност со усвоениот Буџет од страна на Собранието на РС Македонија.  Ова се применува кон сите институции и буџетски корисници, без исклучок.

Сите дилеми коишто евентуално се појавуваат во некоја  институцијата, во врска со реализацијата на Буџетот, Министерството за финансии, преку задолжените сектори, во отворена комуникација со истите институции, вклучително и Кабинетот на претседателот на РС Македонија, ги  решава прашањата во рамки на законските прописи.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *