Вести|

25 мај 2023, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светската банка, којшто се одржува во приморскиот град Тиват, Црна Гора.

Во рамки на состанокот, министерот Бесими  ќе учествува на панел-дискусијата под наслов „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики?“ На оваа тема ќе дебатираат гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања ќе имаат и Клас Кнот, претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер, директор на Одделот за Европа на ММФ.

На маргините на состанокот на Конституенцата, министерот Бесими ќе оствари билатерални средби со  заменик-претседателот на Светска банка, Антонела Басани ирегионалниот заменик-претседател во ИФЦ, Алфонсо Гарсиа Мора, како и со директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер.

На состанокот на Конституенцата во Тиват ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска-Бежоска, и министри за финансии на земјите членки.

РС Македонија, како земја членка на Светската банка, е дел од Холандската конституенца, а минисерот за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светската банка.

Оваа вест е достапна и на: English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *