Вести|

20 јули 2023, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска оствари работен состанок со регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју и со директорот на СБ во земјава, Масимилијано Паолучи. На средбата стана збор за новата Рамка за партнерство со РС Македонија за периодот 2024 – 2028 година.

„Соработката со Светската банка се заснова на заемно партнерство и повеќегодишни стратегии за соработка. Новата Рамка за партнерство е во фаза на подготовка, за што е изработена анализа од страна на Светската банка во која се дефинирани приоритетите за наредните четири години“, рече министерот на средбата на која изрази задоволство од досегашната континуирана поддршка што ја добива земјата од оваа меѓународна финансиска институција.

Тој додаде дека Рамката за партнерство ги сумира областите во кои Банката ќе обезбеди поддршка за развојната агенда на земјата и дека партнерството со банката преку новата Рамка е од особено значење за понатамошниот развој на нашата економија на патот кон ЕУ, со која ќе се подготват значајни прироритетни проекти на Владата на РСМ претставени во националните стратешки документи.

Извештајот што го подготви Светската банка како основа за новата Рамка, Системска дијагностика на земјата, беше презентиран и пред Владата на РС Македонија. Целта на новата Рамка е постигнување инклузивен, одржлив и зелен раст на економијата. Во неа ќе бидат инкорпорирани приоритетите на Владата претставени во националните стратешки документи и во Програмата за економски раст, која ги содржи и клучните реформи заеднички усвоени со ЕУ.

На средбата што се одржа во Министерството за финансии беше даден осврт на степенот на реформските активности на Владата со цел добивање буџетска поддршка преку Заемот за развојни политики.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *