Вести|

22 декември 2023, Скопје – Од 1 јануари следната година ќе биде воведенае системска промена во процесот на вработување во јавниот сектор, преку поедноставување на постапката и нејзино децентрализирање на микро ниво, односно на ниво на менаџмент на институцијата во која треба да се реализира вработувањето.

Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната средба со новинари, на која посочи дека ова е предвидено со измените во Законот за буџети којшто е во собраниска процедура.

„Преку новата, поедноставена постапка процесот на вработување во јавниот сектор ќе се врши врз основа на одобрен план за вработување во буџетскиот корисник или институцијата и врз основа на изгласаниот Буџет во Собранието, надополнето со изјава од страна на раководното лице на институцијата дека се обезбедени средства за вработување, за што тоа раководно лице сноси одговорност“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека на ваков начин се врши децентрализирање на процесот и алоцирање на одговорноста на микро ниво, поточно на ниво на менаџментот во институцијата во која се реализира вработувањето, а таа одговорност се зацврстува со изјавата што ќе биде потпишана од страна на раководното лице во Агенцијата за вработување или во Агенцијата за административни службеници, во зависност од тоа каде ќе се објави огласот.

„Станува збор за сериозна реформа во постапката за вработување, со која ќе се децентрализира процесот, а паралелно ќе се подобри управувањето со човечкиот капитал. Постапката има контролни механизми, односно огласот за вработување нема да може да биде објавен без претходно да биде одобрено во Планот за вработување“, потенцира министерот.

На средбата со новинарите се осврна на прашањето за вработувањата во здравствениот сектор, при што посочи дека се бара одржливо решение, дека се води комуникација на дневно  ниво, се разгледуваат сите опции и ќе се креира решение според потребите.

Во однос на прашањето за платите на вработените во Министерството за финансии посочи дека се чека на одлуката на Уставниот суд, но дека Министерството за финансии останува на претходниот став во однос на платите на вработените.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *