Вести|

8 ноември 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел упати порака дека Владата е силно посветена на спроведување на реформите коишто се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и подигнување на стандардот на граѓаните.

„Она што е клучно и на што Владата посветува внимание е спроведување на реформите со цел постигнување забрзан економски раст. Покрај Реформската агенда, којашто е утврдена заедно со ЕК, имаме и многу активности предвидени во Програмата за работа 2024 – 2028 година, а кои ќе носат промени за подобро утре. Еден од најзначајните документи кој ги отсликува политиките што ќе се креираат – Буџетот за 2025 година, е веќе подготвен и доствен во собраниска процедура. Она на што ќе бидеме посветени, меѓу другото, е и реализација на инвестициите затоа што тие носат економски раст, но приоритет е и борбата со криминалот и коруцпијата“, истакна министерката за финансии на средбата со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување.

Таа додаде дека претстои многу работа во реализација на реформите и притоа се заблагодари за поддршката што ја добиваме од ЕУ. На средбата беше нагласено дека прогресот во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на капацитетите на администрацијата отвораат можност и за поголем пристап до средства од фондовите на ЕУ и зголемени инвестиции.

Министерката во Брисел учествуваше на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ и притоа оствари средба и со претставници од Европската народна партија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *