Вести|

26 ноември 2024, Скопје – „Доследност и усогласеност на економските политики за подобро буџетско планирање“ беше темата на новата обука што ја организираше Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии со цел јакнење на јавната администрација и унапредување на процесите во јавниот сектор.

Обуката беше наменета за вработени во органите на државната управа коишто се директно вклучени во креирање и координација на политики и во процесот на буџетско планирање. Преку обуката, учесниците добија практични насоки и алатки за поефикасно управување со јавните средства, што е клучен предуслов за унапредување на квалитетот на јавните услуги.

Во рамките на обуката беа презентирани иновативни пристапи за координација и планирање на економските политики, методологии за следење на резултатите, како основа за ефективно донесување одлуки и распределба на буџетските средства, како и добри практики и научени лекции од Европскиот семестар и програмите за економски реформи.

Обуката е дел од Годишната програма за обуки за 2024 година, коишто ги организира Академијата за јавни финансии, а ги водат сертифицирани обучувачи.

Министерството за финансии продолжува да инвестира во континуирана едукација и развој на јавната администрација, притоа создавајќи модерна, професионална и компетентна администрација којашто е двигател на економскиот напредок и која испорачува квалитетни услуги за граѓаните и деловната заедница. Со вакви активности, Министерството се позиционира како лидер во поддршката на стратешките приоритети за одржлив економски развој и унапредување на јавниот сектор.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *