Системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во РСМ е регулиран со донесувањето на Законот за буџети („Службен весник“ бр.203/22 од 19.09.2022 година).

Иститот е воспоставен со цел спроведување на законодавни, административни и оперативни активности и директна соработка со Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Согласно Уредбата за утврдување на на структурата на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во РСМ („Службен весник на РСМ“ бр.264/22 од 07.12.2022 година), системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во РСМ е составен од:

  • Органи и структури во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија
  • Институционална мрежа за заштита на финансиските интереси на Европската Унија (АФКОС мрежа)
  • Одделение за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС одделение)

Брошура – Систем за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во РСМ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.