Системот за известување на неправилности при користење на фондовите од ЕУ во Република Северна Македонија постојано се развива од 2007 година, кога органите на државната управа се подготвуваат за акредитација од Европската комисија за децентрализирано управување со средствата на Европската унија (ЕУ).
Главната функција на овој систем е известување за идентификуваните неправилности.
Националниот координатор за авторизација (НАО) ја има целокупната одговорност за известување за неправилности до Европската комисија и без одлагање треба да известува, за сите сомнителни измами и други неправилности кои биле предмет на првичен административен и судски наод, како и за напредокот на административните и законските постапки по однос на истите.
Известувањето до Националниот координатор за авторизација го вршат службеници за неправилности номинирани во секој од органите што управуваат и користат фондови на ЕУ.
Постапките за администрирање на неправилности започнуваат по индикација за постоење на неправилност од страна на вработени од орган во рамките на системот за управување и контрола со ЕУ средствата, други институции или по надворешна дојава за неправилност.
Процедурите за превенција, откривање, известување и следење на постапувањето по пријавени неправилности врзано со користењето на средствата од помошта на ЕУ е составен дел на прирачниците на сите органи во составот на известување со неправилности и содржат детални правила за управувањето со неправилностите и сомнежите за измама.
Известувањето за неправилности до Европска комисија се спроведува по пат на електронски систем за известување за неправилности (Irregularities Management System – IMS).
Службеници за неправилности за ЕУ средствата