Соединетите американски држави – САД претставувани од УСАИД досега имаат инвестирано над 830 милиони долари во развојот на Република Северна Македонија. Владата на САД дава значајна поддршка на Владата на Република Северна Македонија при спроведувањето на активностите кои се насочени кон економски раст и стабилност и зајакнување на демократските практики и институции.

На 22.08.2018 година склучен е Договорот за развојна соработка со САД претставувани од УСАИД“, со кој доделени се грант средства во износ од 37,5 милиони УСД. Основната цел на овој договор гласи: „Република Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

За да се постигне оваа цел, САД и Република Северна Македонија соработуваат за остварување на следните цели:

  1. Зголемен раст на приватниот сектор, резултатите што треба да се постигнат вклучуваат: (а) подобрено деловно опкружување што соодветствува на потребите на приватниот сектор за поголема конкурентност и пристап до финансиски средства; и (б) подобрена енергетска сигурност и обновливи извори на енергија.
  2. Поголема вклученост на граѓаните, резултатите што треба да се постигнат вклучуваат: (а) зголемено учество на граѓаните и зајакнати граѓански организации за што сé повеќе е потребна и се бара, на конструктивен начин, отчетност на власта кон нејзините граѓани; и (б) зголемена независност и професионализам на медиумите.
  3. Зајакнато добро владеење, резултатите што треба да се постигнат вклучуваат: а) зајакната ефикасност и отчетност на собранијата, министерствата и изборните процеси и (б) подобрен капацитет во извршната власт.
  4. Подобрена социјална кохезија, резултатите што треба да се постигнат вклучуваат: (а) подобрена меѓуетничка интеграција и (б) зголемена вклученост на маргинализираните групи во општеството.

На 06.05.2021 година склучен е Договорот за грант за партнерство за развој со САД претставувани од УСАИД, со кој доделени се грант средства во износ од 8,3 милиони УСД.

Како и во рамки на досегашната соработка и со овој договор, УСАИД останува посветен во поддршката за остварување на стратешката цел „Партнерствата со УСАИД промовираат просперитетна, силна и добро управувана Северна Македонија посветена на процесот на евро-атлантска интеграција“. За да се постигне оваа цел, САД и Република Северна Македонија соработуваат за остварување на следните резултати: 1. Зајакната економска конкурентност, 2. Зголемен придонес на младите во општеството, и 3. Намалена корупција.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.