30 октомври 2019 година, Скопје – Заменик министерката, Ширет Елези, учествуваше на првиот основачки Секторски мониторинг комитет за демократија и владеење кој денеска на високо ниво се одржа во Клубот на пратеници. 

„Направен е значаен прогрес во реформата на јавните финансии. Новиот предлог-Закон за буџети е во завршна фаза на изработка. Истиот е во насока на подобрување на буџетското планирање на среден рок, со цел да се обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика и зголемување на буџетската дисциплина, одговорност и транспарентност“, вели Елези. 

Претходно денеска беа одржани Секторски мониторинг комитети за ТАИБ, за владеење на правото и за образование, вработување и социјална политика. 

Со комитетите претседаваа вицепремиерот Бујар Османи и раководителот на сектор за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини.

На сите состаноци се водеше дискусија за отворените прашања во спроведувањето на Секторските програми финансирани од ИПА 2 програмата. 

Во делот на ИПА, Елези информира дека инструментот обезбедува значајна финансиска поддршка на стратешките приоритети на државата, со што се намалува фискалниот товар во Буџетот, но и се овозможува промовирање на значајните реформи во сите сегменти значајни за членството во ЕУ.
 

Comments are closed.