9 мај 2018 година, Скопје ‒ Заменик министерот за финансии, г-ѓа Ширет Елези, денеска учествуваше на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) кој се одржа во Народната банка. На состанокот учествуваа високи претставници од министерствата за финансии и централните банки на шест земји од Југоисточна Европа.

ЦЕФ е меѓународна организација со седиште во Љубљана, Словенија, чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа преку учење.

На состанокот, Одборот го потврди годишниот извештај на ЦЕФ за 2017 година и ги разгледа темите поврзани со управувањето и со програмата. 

Comments are closed.