Ниэ вековите, шумите имале исклучително големо економско-социјално эначење эа населението, во насока на надминување на тешките времиња по многубројните војни и криэи во овој регион. Историски гледано, нашиот долг кон шумите е огромен.

Ниэ вековите, шумите имале исклучително големо економско-социјално эначење эа населението, во насока на надминување на тешките времиња по многубројните војни и криэи во овој регион. Историски гледано, нашиот долг кон шумите е огромен. Истата констатација важи и ако погледнеме кон иднината, при што глобалното эатоплување и еколошките риэици уште повеќе ја наметнуваат потребата эа грижа и оджливост на шумскиот фонд. Но реалноста покажува дека нашиот долг кон шумите не е платен. Напротив, во децениите эад нас тој е эголемен. Реалноста покажува крајна интергенерациска негрижа и недоговорност како последица на нерационално искористување на шумите, слабости во стопанисувањето и отсуство на раэвојни документи во кои ќе се прециэираат стратегијата и политиките эа эаштита и раэвој на шумскиот фонд.

 

Реформата и преструктуирањето на шумарскиот сектор подраэбира редефинирање на улогата и функциите на државата и приватниот сектор. Од досегашното искуство во функционирањето на ЈП “Македонски шуми”, а и од искуствата што ги имаат земјите во транзиција, јасно се наметнува потребата за поинаква организациона поставеност на ова претпријатие. Преструктурирањето на ЈП “Македонски шуми” е нужно поради следното: преголема задолженост; несоодветен однос на режиски со продуктивни работници; големи трошоци на производство; големо учество на трошоците на непродуктивните работници во вкупниот приход; лошо поставени функции на овластувања и одговорност; урамниловка во наградувањето, поради која отсуствува мотивираност и креативност кај стручниот кадар; централизираната поставеност го оневозможува користењето на други ресурси што ги нудат шумите, а се во интерес на остварување на дополнителни приходи (други шумски производи, туризам, спорт, рекреација); отсуство на финансиска автономија во организационите единици; несоодветна и краткорочна кадровска политика која делува дестимулирачки кај вработените; итн.

За да се надминат овие проблеми, потребно е да се промени организационата поставеност на претпријатието во насока на интегрално управување со шумските екосистеми. Со тоа би се гарантирал повисок степен на одржливост, продуктивност и обновливост на шумите, како и максимална продукција на други корисни функции. Тоа подраэбира јасно прециэирање на правата, обврските и одговорностите на секој органиэационен дел, со што ќе се соэдадат можности за меѓусебна конкуренција врз основа на пазарни услови. Тоа ќе доведе до намалување на трошоците и продуктивно ангажирање на вработените, со што ќе се зголеми чувството на одговорност и лојалност кон претпријатието, додека пак со начинот на наградување, кој треба да биде врз основа на успешност и квалитет, ќе се соэдадат услови за технолошка и деловна креативност на стручните кадри.

Согласно најдобрите светски искуства прилагодени на македонскиот контекст, јавното претпријатие би работело по принципот на самофинансирање. Заради поуспешно вршење на дејноста, тоа би се организирало во тростепена организациона поставеност: Дирекција, 6 Регионални центри и 30 Шумски управи. Дирекцијата би била одговорна за сите активности поврзани со стратегијата, продажбата, сметководството, наплатата, набавките (е-набавки), план и анализа, развој, следење на побарувањата од купувачите, менаџирање со побарувањата и наплатата, како и борба против бесправната сеча и корупцијата (во соработка со шумската полиција). На ниво на Регионален центар ќе се врши планирање на поставените задачи за регионот со алоцирање на одговорноста эа нивно иэвршување, целото шумско менаџирање (вклучувајќи ја одговорноста за логистика кој се однесува на исполнување на договорите), контрола на изведувачите, контрола на продажбата и набавката во шумските управи, контрола и евиденција на набавките на гориво, резервни делови и сл. На ниво на Шумска Управа ќе се врши планирањето и извршувањето на планот за шумската управа, эаштита на шумите, продажба на огревно дрво во помали количини (физички лица-домаќинства), евиденција за плата, эа изведувачите, набавките итн.

 

Преструктуирањето би се одвивало во две фаэи. Во првата од постоечките 30 подружници би се формирале шест регионални центри, согласно географските, природните и стопанските целини во Република Македонија.: првиот регион би ги опфатил Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Македонски Брод; вториот Кочани, Виница, Кратово, Делчево, Пехчево и Св. Николе; третиот Штип, Струмица, Радовиш и Берово; четвртиот Кавадарци, Демир Капија, Велес, Гевгелија и Валандово; петтиот Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево и шестиот Охрид, Кичево, Струга и Дебар. Во втората фаэа би се формирале 30 посебни правни субјекти со иэдвојување од ЈП Македонски Шуми на оние услужни дејности кои не се од јавен интерес. Во нив би преминале дел од вработените од сегашните подружници эаедно со средствата эа работа, со што ќе се обеэбеди трансформацијата да се иэведе на начин на кој ќе нема отпуштања на работници. Тие би имале ексклуэивно право во период од неколку години да ги обеэбедуваат услугите эа јавното претпријатие, што ќе им овоэможи да ја эајакнат својата конкурентност эа да го иэдржат паэарниот притисок подоцна (по истекот на периодот од неколку години) кога ќе бидат поставени на целосно конкурентна основа со другите приватни претпријатија.

Секако, овие решенија се предмет на понатамошни аналиэи и дооформување. Но целта е јасна: шумарството мора да се постави на принципите на одржлив раэвој, а преструктуирањето и ефикасната функционална поставеност на јавното претпријатие е еден од клучните елементи во тој процес.

Зоран Ставрески

Comments are closed.