Ви ја претставуваме нацрт Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 – 2022 година.

Цел на Стратегијата е обезбедување ефективна и ефикасна заштита на финансиските интереси на ЕУ и националните финансиски интереси преку подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементација  на ЕУ фондови.

Донесувањето и имплементацијата на оваа Стратегија ќе придонесе за постигнување стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за членство во ЕУ, како и решителна и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Документот е подготвен врз основа на интензивна соработка на релевантните национални институции, со поддршка од Делегацијата на ЕУ и експертска помош од ИПА твининг проект и истиот е консултиран и со службите на Европската агенција за борба против измама (ОЛАФ). Стратегијата е подготвена во согласност со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), притоа земајќи ги во предвид препораките од извештаите на Европската комисија како и  реформите кои се прават на ниво на Европска унија во однос на борбата против измама со ЕУ фондови. 

Имајќи го предвид значењето на Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија  2019 – 2022 година и потребата за квалитетна подготовка на истата, се  спроведува јавна консултација со широка вклученост на релевантните засегнати страни (корисници на ЕУ проекти, универзитети, граѓанското општество и сите други чинители за активен придонес во процесот на подготовка на документот).

Вашите коментари и предлози за натамошно подобрување на нацрт документот се добредојдени и истите може да ги доставите најдоцна до 12 ноември  2018 година, на следните е-маил адреси: fatmir.ademi@finance.gov.mk, tanja.beginova@finance.gov.mk, dimitar.steriov@finance.gov.mk .

Покрај тоа би сакале да Ве поканиме на стручната консултативна средба на 6 ноември 2018 година во 13 часот, во просториите на Министерството за финансии. Заради ограниченост на просторот, Ве молиме да се пријавите за учество на состанокот најдоцна до 1 ноември  2018 година на горенаведените е-маил адреси.

Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на европската унија во Република Македонија 2019 – 2022 година

 АКЦИСКИ ПЛАН на нацрт Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 – 2022 година

 

Comments are closed.