Министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и со директорот на Канцеларијата на Светска Банка во Македонија, Марко Мантованели ќе го посетат основното училиште „Јероним Де Рада“ во Куманово
Училиштето е реновирано со гранд средства од инструментот ИПА. Грант средствата во износ од 1,96 милион денари за реновирање на основното училиште „Јероним Де Рада“, се доделени преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој го реализира Министерството за финансии со поддршка и средства на Светска банка и Европската Унија.