26 октомври 2017, Скопје – Тимот на Министерството за финансии предводен од министерот за финансии Драган Тевдовски денеска имаше средба со делегација на Светската банка предводена од директорот за Македонија, Марко Мантованели и од раководителот на Секторот за трговија и конкурентност во банката, Пауло Кореа.

На средбата беше зборувано за подобрување на локалната и регионалната конкурентност, развој на вештини и иновации, а се разгледа и реализацијата на проекти со кои ќе се постигнат овие цели.

Од двете страни беше позитивно оценет напредокот на реформите во овие области и беше истакната заложбата за продлабочување на соработката и во иднина.

Comments are closed.