4 април 2018 година, Скопје – „Цврсто веруваме дека Македонија ќе влезе во НАТО и ќе имаме забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста“, порача министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната трибина „НАТО и ти“ во организација на Министерството за одбрана.

– Интеграцијата во НАТО  ќе донесе сериозни бенефиции за Република Македонија. За разлика од последните десет години кога буџетот за одбрана бил намалуван, а со тоа и оддалечен од стандардите на НАТО, годинава буџетот е зголемен, посочи МФ Тевдовски.

Примерите на земјите кои станале членки покажуваат сериозен раст на инвестициите по влезот во НАТО. Тој како пример ги посочи Албанија и Бугарија. Во Бугарија, пет години пред да стане членка во НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП изнесувале 7%, додека пет години од влезот во НАТО истите пораснале на 19,7% годишно. Растот на БДП во истиот период се зголемил од 3,9 на 6,8% годишно.

 

Во примерот на Албанија, странските инвестиции растат речиси двојно по влезот во НАТО, и покрај тоа што ова се случува во период на глобалната финансиска криза. Според податоците, СДИ во Албанија пет години пред влезот во НАТО изнесувале 5,5% како процент од БДП, додека пет години по влезот во НАТО растат на 9,1%.

Министерот за финансии вели дека се очекува раздвижување на економската активност и  сериозно намалување на невработеноста.

Токму поради очекувањата за интеграција на Р. Македонија во НАТО, берзанскиот индекс почна забрзано да расте, истакна Тевдовски.

Целата фото галерија од настанот можете да ја најдете на следниот линк: https://www.finance.gov.mk/mk/node/7158

 

Видеото од излагањето на министерот за финансии, можете да ја најдете на следниот линк:

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.