25 Мај 2018, Скопје – Министерот за финансии и македонската делегација на работен сотанок со Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи. Ова е прва средба на Министер за финансии на Р.М. со Еврокомесар за економски и финансиски прашања.
МФ Тевдовски ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии. Стратегијата која за беше презентирана во септември е прва сеопфатна рамка донесена од Владата за управување со јавните финансии во државата. Европската Унија ги поздрави и поддржа мерките во стратегијата и е партнер на Македонија во нејзиното спроведување.
ЕК Московичи ги поздрави реформите во насока на зголемување на фискалната транспарентност. Дискутирани беа сите реформи предвидени во Стратегијата. Еден од клучните столбови за управување со јавните финансии е системот на јавни набавки. Јавната дискусија со сите засегнати страни и синхронизацијата со европските стандарди ќе го гарантираат квалитетот на новиот закон за јавни набавки.