15 февруари 2017, Скопје – Претставници на Министерството за финансии, предводени од Заменик министерката за финансии, д-р Ширет Елези, присуствуваат на првата глобална конференција на Платформата за даночна соработка – Оданочување и Целите за одржлив развој.

Конференцијата се одржува во Њујорк, а е во организација на Обединетите нации, Светска банка, ММФ и ОЕЦД.  Платформата за даночна соработка се фокусира на клучните препораки за даночна политика кои се потребни за да се реализираат Целите за одржлив развој на Обединетите нации.   

На конференцијата учесниците ќе говорат за улогата на даноците за одржлив економски раст, за социјалната димензија на даноците (сиромаштија, нееднаквост и човечки капитал), развојот на даночниот капацитет и даночната соработка.

Една од целите на конференцијата меѓу другото е да им обезбеди на учесниците насоки за тоа како можат да ги подобрат даночните политики. 

На маргините на конференцијата Елези оствари средба со министерката за финансии на Латвија Дана Реизнице Озола, со која разменија искуства во областа на реформите и управувањето со јавните финансии.

Comments are closed.