Скопје, 2 октомври 2015 (МИА) – Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово.
Министерството за финансии соопшти дека денеска, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за обележани грла говеда.
– Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението од Министерството за финансии.