6 септември 2017, Скопје – Министерството за финансии, Народна банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето објавуваат Конкурс за деца и млади од основното и од средното образование по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ ПЕСНА НА СЛЕДНИТЕ ДВЕ ТЕМИ:
НА ТЕМА ШТЕДЕЊЕ – „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
НА ТЕМА ОСИГУРУВАЊЕ – „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Учениците од основното и од средното образование можат да учествуваат на конкурсот со испраќање една или повеќе творби (цртежи и песни) на зададените теми.
КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТВОРБИТЕ Е 16 ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА.
Со цел да се заштити работата на учениците, на задниот дел на творбите задолжително наведете:
– име и презиме на ученикот,
– училиштето каде што детето посетува настава (град/одделение/година/клас),
– име на родителот или на старателот со адреса на живеење и
– контакт-телефон на родителот/старателот/наставникот.
Ве молиме испратете ги творбите по пошта или доставете ги на рака, на следнава адреса:
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ бр. 1, 1000 Скопје
Најдобрите 24 творби ќе бидат наградени:
– по шест награди за најдобар цртеж во двете категории и
– по шест награди за најдобра песна во двете категории.
На авторите на најуспешните творби ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000 денари со депонирање на паричниот влог во банка по нивен избор.
Списокот на наградени ученици, датумот и локацијата на доделувањето на наградите ќе бидат објавени по 16 октомври 2017 година, на интернет-страниците на трите институции:
Народна банка на Република Македонија nbrm.mk
Министерство за финансии finance.gov.mk
Агенција за супервизија на осигурување aso.mk
За дополнителни информации или појаснувања обратете се на електронската пошта: finance@finance.gov.mk, contact@aso.mk или edukacija@nbrm.mk .