26 септември 2018 година, Валандово – Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари средба со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов. Во фокус на средбата беа тековни и планирани инвестиции во општината.

Со таа цел, заедно извршија увид на градежните работи на булеварот Првомајска кој во моментов се реновира. Проектот се реализира преку проектната единица на МСИП на Светска Банка во Министерство за финансии. Средствата за негова реализација се обезбедени преку ЕУ. 

“Европската Унија инвестира во инфраструктурни проекти. Нашите партнери го поддржуваат развојот со над 90 милиони евра годишно“, истакна МФ Тевдовски.

Овие проекти се важни за локалната економија. За Владата приоритетен е економскиот развој.


Тевдовски заедно со градоначалникот оствари средба и со стопанствениците. 
“Водиме политика со која се поддржуваат домашните компании. За прв пат има сериозна поддршка за нашите компании од Буџетот“, порача тој. 

Министерот додаде дека во моментов со меѓународните партнери работат и на поврзување на странските инвеститори со домашни компании. 
Тевдовски нагласи дека влезот во НАТО ќе придонесе за раст на странските инвестиции. Безбедноста е најважна за инвеститорте. 

Со стопанствениците беше разговарано и за повратот на ДДВ. Тевдовски информира дека во август има 2,7 милијарди денари поврат на ДДВ. Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно. Ова е важни за подобрување на ликвидноста.

Comments are closed.