Околу 725 возила со странски регистарски таблички досега се регистрирани што е за околу 10 отсто од вкупниот број возила увезени во изминатиот период. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави дека се повеќе граѓани сакаат да ги искористат поволностите што се нудат со намалените царини и акцизи.
 
– Вкупно имаме околу 725 возила кои досега се регистрирани што претходно имале странски регистарски таблички. Тоа е околу 10 отсто од вкупниот број возила што се увезени во изминатиот период, изјави Ставрески по свеченоста во Царинската управа која одбележува 18 години постоење.
 
Тој верува дека во следниот период, за кога е планирана и информативна кампања за предностите на законските решенија, ќе се интензивира одѕивот и се повеќе граѓани ќе ги комплетираат потребните документи за регистрација.
 
Апелираше граѓаните да ја искористат оваа можност и да не го чекаат стептември од кога стапуваат во сила законските одредби согласно кои граѓаните не ќе можат повеќе од шест месеци во текот на годината да ги возат овие возила.(МИА)